Атлетскиот клуб „7ми ноември“ од Гевгелија, за прв пат ќе организира градска трка низ улиците во Гевгелија и тоа на 07.11.2021.
Учесниците ќе можат да трчат 10 и 5 километри, а за најмалите ќе има детска трка на 1 километар. Воедно ова ќе биде и национално првенство на Македонија на 10км на пат. Нашиот Петре Завировски е во одлична форма. Оваа сезона континуирано трча добро и од ден на ден е се подобар. По освоениот бронзен медал на крос кантри трката 23 октомври на Гази Баба и претходно одличниот настап на националното првенство во крос кантри, тој одлично тренира.
Неговите тренинзи се добри, тренира многу посветено и целосно е фокусиран на настапите оваа сезона. Можеме да очекуваме нов добар настап овој пат во Гевгелија.