Цервено-црниот одбојкарски тим со ново, третто сериозно засилување влегува во новота сезона. Репрезентативното либеро и еден од најискусните и најквалитетни одбојкари во Македонија, Дарко Ангеловски е нов член на ОК Вардар.
Овој одбојкат минатата сезона настапуваше за тимот на Тетовски универзитет, а овојпат се враќа да му помогне на тимот каде што настапуваше во минатото. Со ова ОК Вардар добија на искуство но пред се на квалитет во моментите кога тоа на овој клуб и тоа како му е потребно.