Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Атлетика > Завировски се подготвува за трка во Гевгелија
Завировски се подготвува за трка во Гевгелија

Завировски се подготвува за трка во Гевгелија

Атлетскиот клуб  „7ми ноември“ од  Гевгелија, за прв пат ќе организира градска трка низ улиците во Гевгелија и тоа на 07.11.2021.

Учесниците ќе можат да трчат 10 и 5 километри, а за најмалите ќе има детска трка на 1 километар. Воедно ова ќе биде и национално првенство на Македонија на 10км на пат. Нашиот Петре Завировски е во одлична форма. Оваа сезона континуирано трча добро и од ден на ден е се подобар. По освоениот бронзен медал на крос кантри трката 23 октомври на Гази Баба и претходно одличниот настап на националното првенство во крос кантри, тој одлично тренира.

Неговите тренинзи се добри, тренира многу посветено и целосно е фокусиран на настапите оваа сезона. Можеме да очекуваме нов добар настап овој пат во Гевгелија.