Група ентузијасти во 2014 година го вратија светото име „ВАРДАР“ на кугларската мапа, дел од првиот играчки кадар и денес седум години подоцна е тука во црвено-црните редови.
Еден од играчите кој од првите минути 2014 до денес кога сме актуални шампиони на Република Македонија во куглање е Згонц Марјан. Дојде време патеките на црвено-црните и искуснот играч да се разделат. Поради менување живеалиштето и заминувањето во странство Згонц заминува и од Вардар.
Станува збор за човек кој седум години остана лојален на нашиот тим, беше тука кога клубот беше во „повои“ , кога клубот раснеше, освојуваше, победуваше, губеше…. Особено инспиративни и незаборавни се неговите настапи во Купот при освојување на двете титули, секогаш блеснуваше кога сите најмалку очекуваа и беше еден од главните мотори на тие два златни медала. Често беше дел од топ-6 листата за најуспешни куглари во одиграните кола. Ги бранеше боите на неговиот тим како Вардар ја преставуваше Македонија на меѓународните официјални и турнирски натпреварувања.
Минатата сезона вгради и дел од себе во детронизирањето на Макпетрол по 19.години во лигата, иако имаше и повреди големиот борец постојано беше тука за вардаровиот тим. Покрај професионалните квалитети, покажа и човечки, беше лојален на тимот и никогаш не беше во прашање неговото останување за секоја нов сезона, одличен пријател и мотиватор за помладите вардарци кои пристапуваа во сезоните наназад.