Младинската екипа на ЖРК Вардар по победата во првото коло со тимот на Чаир ја очекува нов дуел, исто така во истиот влегуваме како голем фаворит за победа.
Повторно сме домаќини во Спортскиот центар „Јане Сандански’ во Скопје, овој пат на екипата од Кисела Вода, тимот на РК Спартак. Натпревеварот е закажан за недела (7.октомври) со почеток во 14-30 во големата сала.
Ден пред тоа во сениорската лига играме дерби со Ѓорче Петров на домашен терен од 15-30 часот.