Thursday ,14 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Дибиров и Георгиевски: Не очекува тежок натпревар, одиме на победа во Сегедин
Дибиров и Георгиевски: Не очекува тежок натпревар, одиме на победа во Сегедин

Дибиров и Георгиевски: Не очекува тежок натпревар, одиме на победа во Сегедин

Во четврток продолжуваат натпреварите во Лигата на Шампионите за екипата на Вардар. Во рамките на 7.коло во групата, избраниците на Вујовиќ гостуваат кај екипата на Пик Сегед. Вардар се надева дека ќе ја прекине серијата од три порази и дека ќе се врати на победничките патеки. Пик Сегед игра одлично сезонава, па со оглед дека играат и пред својата публика, нема да му биде лесно на Вардар во освојување на бодовите.

Своите очекувања за натпреварот ги споделија крилните играчи, Дибиров и Георгиевски.

-Што се однесува до Сегед мислам дека ќе биде тежок натпревар, но ние сакаме да дојдеме до победа. Знаеме дека ни недостигаат бодови. Очекувам машки и многу сериозен натпревар. Ќе биде тешко, тоа е сигурно, но ние не сакаме предвреме да се предадеме и одиме таму да победиме, истакна Дибиров.

-Не очекува еден тежок противник, многу добро познат за нас. И минатата сезона одигравме два тесни натпревара со нив, на двата меча нè победија и мислам дека и оваа сезона ќе бидат слични натпреварите, неизвесни. Квалитетна екипа се, ние се подготвуваме, гледаме видео-анализи. Во неделата одиграа еден добар натпревар со Веспрем, пред се во одбраната. Одиме таму да се надигруваме со нив, без бело знаме. Знаеме какви поединци имаат, добро ги анализиравме и мислам дека имаме шанса. Тие секогаш играат против нас со голем мотив, па ќе биде тежок натпревар, но мислам дека ќе не послужи среќата за поволен резултат, изјави Георгиевски.

Натпреварот во четврток ќе стартува од 18:45 часот