Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > КУГЛАЊЕ! Завршува зимската пауза за Вардар, од понеделник повторно на тренинг
КУГЛАЊЕ! Завршува зимската пауза за Вардар, од понеделник повторно на тренинг

КУГЛАЊЕ! Завршува зимската пауза за Вардар, од понеделник повторно на тренинг

По мечот од третото коло на 20 декември со Империал Тобако на кој  беше остварена трета победа за црвено-црниот кугларски колектив предводен од Драги Димитровски, следеше пауза во Македонската кугларска лига заради новогодишните и божиќните празници.  Вардарци  успеаа на почетокот од сезоната да дојдат до   тρи победа во тρи меч сезонава,  κоја ја отвоρија со две гостинсκи победи пρотив Хеρаκлеа и 18 Август.

Играчите на црвено-црниот кугларски колектив во понеделник 11-ти јануари ги продолжуваат активностите со првиот тренинг оваа година. Тие ќе ја темпираат формата за првиот предизвик во 2016 година а тоа е дуелот со скопскиот ривал Кк ГТЦ е кое е наше трето гостување во четвртото коло од домашната лига. Мечот со КК Гтц е закажан според натпреварувачкиот календар за на 23 јануари. Истиот има термин на одигрување во 10-00 часот, а местотот на одигрување е кугларницата „Мусандра“ во скопскиот Градски трговски центар. Во истото коло, тој ден ќе се сретнат и двата тима со нула бодови досега екипите на 13 Август со тимот на Империал Тобако, а актуелниот шампион Кк  Макпетрол ја пречекува битолска Хераклеја. По ова следи дербито во 5.коло со тимот на Макпетрол, кое за  нашите момци  е вистинска шанса со победа да си го отворат патот кон титулата. Сега сме на првото место со максимални 6 бода  колку што има и тимот на  Макпетрол по одигрувањето на трите воведни кола. Самиот стратег на клупата на црвено-црните Драги Димитровски во изјава за нашиот сајт рече дека токму дуелот со Макпетрол ќе го реши т.н Есенски шампион и ќе може да го трасира патот кон освојувањето на првата првенствена титула за КК Вардар во МКЛ.