Во сабота со почеток од 17:30 часот во С.Ц. Јане Сандански официјално започнува “одисејата“ за нашиот женски ракометен шампион во новата групна фаза од лигата на шампиони. Во Скопје ќе гостува незгодниот и квалитетен тим на ЦСМ Букурешт од Романија. Се работи за многу добра екипа, која веќе еднаш не порази во летниот подготвителен период и тоа на турнирот кој беше во нивна организација.
Во првата групна фаза Романките забележаа четири победи, еден нерешен резултат и еден пораз и со вкупно пет бодови влегоа во новата група која ја сочинуваат шест екипи. Букурешт успеаа да направи изненадување на тешкото гостување во Подгорица и да извлече нерешен резултат против актуелниот европски првак. Овој тим интересно е составен од ракометарки од неколку различни земји, меѓу нив најопасни за противничките тимови се Данската репрезентативка Лине Ана Јоргенсен, потоа Кармен Мартин од Шпанија, Шведската репрезентативка Исабел Гилден како и домашниот пикер и репрезентативка Оана Манеа. Ова доволно говори за силата на овој тим, па станува јасно дека нашите девојки во сабота ќе имаат тежок испит пред себе.
По она Светско првенство кое се одржа во Данска, играчите кои настапуваа за своите репрезентации по завршувањето на овој мундијал добија неколку дена одмор по што се вратија на обврските кон својот клуб. Јасно е дека немаше многу време за подготовки и враќање во “колосек“ за нашиот ракометен шампион, каде останавме на еден контролен натпревар и тоа оној против Романска Крајова. Квалитет е несомнено на наша страна во овој дуел, ни и домашниот терен и публика треба да бидат дополнителна предност за избраничките на Кастратовиќ и Питлик. Сите ракометарки треба да се стават на располагање на тренерскиот тандем за саботниот меч и да го дадат својот максиум за да се добие овој прв меч во новата групна фаза. На табелата Букурешт се наоѓа пред нас, што е уште една дополнителна причина да славиме и да избиеме пред нив. Ова нова група ќе биде пеколно тешка, но и незивесна за тоа кои тимови ќе ги освојат првите четири места, кои ќе носат пласман во 1/4. Од тука произлегува тежината и големото значење на овој натпревар, кој со сите сили треба да го одиграме до самиот крај и да го добиеме во наша корист.
Бидете во сабота сите во нашата арена да ги бодриме девојките кон оставрување на многу важна прва победа, која широко би ни ги отворила вратите за најдобрите осум екипи. Инаку утре со почеток од 12 часот е закажана и прес-конференцијата за овој меч