По мечот од третото коло на 20 декември со Империал Тобако на кој беше остварена трета победа за црвено-црниот кугларски колектив предводен од Драги Димитровски, следеше пауза во Македонската кугларска лига заради новогодишните и божиќните празници. Вардарци успеаа на почетокот од сезоната да дојдат до тρи победа во тρи меч сезонава, κоја ја отвоρија со две гостинсκи победи пρотив Хеρаκлеа и 18 Август.
Играчите на црвено-црниот кугларски колектив во понеделник 11-ти јануари ги продолжуваат активностите со првиот тренинг оваа година. Тие ќе ја темпираат формата за првиот предизвик во 2016 година а тоа е дуелот со скопскиот ривал Кк ГТЦ е кое е наше трето гостување во четвртото коло од домашната лига. Мечот со КК Гтц е закажан според натпреварувачкиот календар за на 23 јануари. Истиот има термин на одигрување во 10-00 часот, а местотот на одигрување е кугларницата „Мусандра“ во скопскиот Градски трговски центар. Во истото коло, тој ден ќе се сретнат и двата тима со нула бодови досега екипите на 13 Август со тимот на Империал Тобако, а актуелниот шампион Кк Макпетрол ја пречекува битолска Хераклеја. По ова следи дербито во 5.коло со тимот на Макпетрол, кое за нашите момци е вистинска шанса со победа да си го отворат патот кон титулата. Сега сме на првото место со максимални 6 бода колку што има и тимот на Макпетрол по одигрувањето на трите воведни кола. Самиот стратег на клупата на црвено-црните Драги Димитровски во изјава за нашиот сајт рече дека токму дуелот со Макпетрол ќе го реши т.н Есенски шампион и ќе може да го трасира патот кон освојувањето на првата првенствена титула за КК Вардар во МКЛ.