ЕХФ тимот на женската лига на шампиони го објави изборот на ракометарки за најдобар дебитант во 2015 година. На оваа листа се најде Руската интернационалка во црвено-црниот дрес Алена Ихнева, која дојде во во Вардар минатата сезона.
Покрај неа во изборот за најдобар дебитант во лигата на шампиони за 2015 година се најдоа уште:
1. Екатерина Илина ( Ростов Дон)
2. Лоис Абинг ( Баја Маре)
3. Ема Екенман ( Савехоф)
4. Паулин Богелунд ( Скјерн)
5. Дариа Дмитриева ( Динамо-Синара)
6. Динах Екерле ( Турингер)
7. Алена Ихнева ( Вардар)
8. Патрициа Ковач ( Хипо)
9. Оливиа Мелегард ( Савехоф)
10. Луца Секерчес ( ФТЦ Будимпешта).
Видеото од најдобрите десет дебитанти можете да го погледнете на следниов линк ТУКА.
Инаку за Алена Ихнева можете да гласате на следниов линк ТУКА.