Младинците на Рк Вардар го завршија првиот дел од сезоната во својата група на треттото место, забележувајќи четири победи и два порази. Во пролетниот дел ги очекува голема борба за таа втора позиција која на крајот од регуларниот дел ќе води на завршниот турнир на најдобрите четири екипи. Екипата на Пелистер од Битоа ќе биде најголемата пречка за остварување на оваа цел. Сепак Филип Николов кој е дел од младинскиот состав предводен од тренерот Чивлачки верува во својот тим и конечната цел.
-Со оглед на тоа што јас сум релативно кратко во екипата на РК Вардар , моите први впечатоци се дека полусезоната ја одигравме во добар ритам иако сметам дека можеме да дадеме уште многу повеќе. Победите што ги имаме со екипите сметам дека повторно ке ги добиеме, а за поразите треба повеќе да работиме, и да дадеме се од себе на терен. Секој играч го посакува F4 и според мене сметам дека имаме шанси да дојдеме до второто место во групата. Ќе дадеме се од себе на натпреварот против РК Пелистер да ја анулираме разликата и да победиме. Во РК Вардар сум прифатен од сите мои соиграчи , и имам голема соработка со моите тренери.
Филип Николов дојде на почетокот на сезоната во црвено-црниот дрес, од екипата на Рк Бисинов- Вардар од Велес.
Задоволен сум од мојот тим, а што се однесува до мојот придонес за резултатите на тимот ке дадам се одсебе во вториот дел од сезоната да бидам подобар како во нападот така и во одбраната. Мене победите на мојот тим ми значат многу, и затоа целосно сум посветен на тренингот и играта во РК Вардар. На крајот да им честитам среќни празници на сите играчи и фанови на РК Вардар, изјави Филип Николов за нашиот сајт.
Звонко Ивановски