ФК Вардар веќе е извесно дека ќе замине повторно на зимски подготовки во Анталија. Првата договорена контролка била против австрискиот прволигаш, тимот на Волфсбергер. Тимот на Волфсбергер го паметиме добро, овој тим му се спротистави на ФК Вардар минатата година, а резултатот заврши 1:1. Оваа сезона тимот на Волфсбергер се наоѓа на последното место во австриската Бундес лига, и е ”печен” за втора лига. Нашиот тим на овој натпревар треба да влезе како апсолутен фаворит.
Потоа, ФК Вардар според планот треба да одигра уште четири од пет контролки. Во Анталија ќе патуваат многу клубови од Романија, Србија, Австрија.. па останува да сочекаме кои ќе бидат другите противници на ФК Вардар. Од клубот сеуште ”молчат” околу таа одлука, а сеуште не е познато и во кој хотел ќе замине ФК Вардар.