Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Одбојка > ЖОК Вардар ЕМ ќе „презими“ како Есенски првак по победата над Бами кор

ЖОК Вардар ЕМ ќе „презими“ како Есенски првак по победата над Бами кор

266352727_634357964650664_6991384857471998416_n
 Тимот на ЖОК ВАРДАР ЕМ  во последното есенско коло беше домаќин екипата на ОК Бами кор. На оваа средба дојдовме до максимална победа со резултат 3:0. Црвено-црните дами кои ги водат Емилија Јаничиќ и Маријана Стефаноска ќе „презимат“ како есенски шампиони.
.
Црвено-црните дами на врвот на табелата ќе бидат во текот на зимска пауза со еден бод предност пред ривалот зад нив, тимот од Струмица екипата ОК  Македонија макс 
.
На вчерашниот меч, првиот сет го добивме со 25-20. Во вториот влеговме лошо, но се издигнавме направиме пресврт и победивме со 25-23 поведувајќи со 2-0. Конечните 3-0 беа обезбедени со резултат 25-19 на овој последен дуел во 2021 од Втората државна сениорска лиг.