Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Пелистер „немоќен“ , кадетите на ФК Вардар се вратија на победите
Пелистер „немоќен“ , кадетите на ФК Вардар се вратија на победите

Пелистер „немоќен“ , кадетите на ФК Вардар се вратија на победите

Кадетите на ФК Вардар успеаа да го добијат дербито против екипата на Пелистер. Денес на спортскиот комплекс во населбата Хиподром, нашите млади надежи беа подобри од Пелистер со резултат 4:2 (3:1). Денес победата за кадетите ја донесоа играчите кои се генерација 2005.

По првото полуавреме, Вардар имаше водство од 3:1, иако екипата на Пелистер прва успеа да го отвори резултатот на овој кадетски натпревар. Никола Анчевски беше играчот кој го имаше првиот директен удар, но одбрани гостинскиот голман. Гостите од Битола први успеаа да го отворат резултатот, еден од противничките играчи погоди од левата страна, со силен и прецизен удар кој заврши во мрежата на Данстак. Вардарци се ослободија од негативата, па тргнаа похрабро и поофанзивно во продолжение од првото полувреме. Величковски имаше обид со глава, топката заврши над голот, откако претходно центар шут упати Јовановски.

1 2

Во следната прилика успеваме да го израмниме резултатот со голот на Никола Величковски кој беше прецизен за 1:1, нашиот напаѓач биеше прецизно во долниот десен голмански агол. Нова добра акција на вардарци, преку Јовановски и Величковски кој додаде во шеснаесетникот до Перковски кој бие од прва, но топката заврши крај голот. Офанзивната игра ни донесе и прва предност на натпреварот, Величковски успеа да го пронајде Јовановски Филип во шеснасетникот, кој бие од прва за водство од 2:1.После една голема грешка во дефанзивната линија на гостинската екипа, топката дојде до Величковски кој со удар од некаде десеттина метри успева да зголеми на 3:1. Со овој резултат заврши и првото полувреме.

На стартот на второто полувреме, екипата на Пелистер успева да постигне гол и да го намали резултатот на 3:2. Нашите млади надежи имаа контрола на играта и резултатот во овој дел од натпреварот. Набргу ја враќаме позитивата од два гола, откако во листата на стрелци се запиша Кристијан Таневски.

3 4

На голот претходеше слободен удар, кој го изведе Стефан Стојановски кој ја погоди стативата, за одбиената топка да стигне до Таневски кој ја затресе мрежата за 4:2. Пелистер имаше две закани кон нашиот гол кои ги одбрани Андреј Данстак, додека кај Вардар прилика имаше и Филип Јовановски, кој на додадена топка од Ибраим, биеше од некаде 10 метри, но одбрани голманот на гостите. До крајот на натпреварот немаше сериозни закани кон двата гола, па натпреварот од 10.коло во кадетската Супер лига заврши со конечен резултат од 4:2.

Вардар: Данстак, Анчевски, Таневски, Стојановски (К), Перковски, Величковски, Каровски, Стоимов, Јовановски, Здравковски и Филиповски. 

Играа уште и Ивановски, Ибраим, Хубрев и Алији. Ова е четврта победа сезонава за кадетите на ФК Вардар, кои на најдобар можен начин го завршуваат првиот дел од сезоната.