Тимот на ЖОК ВАРДАР ЕМ во последното есенско коло беше домаќин екипата на ОК Бами кор. На оваа средба дојдовме до максимална победа со резултат 3:0. Црвено-црните дами кои ги водат Емилија Јаничиќ и Маријана Стефаноска ќе „презимат“ како есенски шампиони.
.
Црвено-црните дами на врвот на табелата ќе бидат во текот на зимска пауза со еден бод предност пред ривалот зад нив, тимот од Струмица екипата ОК Македонија макс
.
На вчерашниот меч, првиот сет го добивме со 25-20. Во вториот влеговме лошо, но се издигнавме направиме пресврт и победивме со 25-23 поведувајќи со 2-0. Конечните 3-0 беа обезбедени со резултат 25-19 на овој последен дуел во 2021 од Втората државна сениорска лиг.