Ракометниот клуб Вардар подготовките за пролетниот дел од сезоната ќе ги стартува на 10.јануари. Новиот тренер, Давид Дејвис, ќе прозива на овој датум и ќе има можност да се запознае со играчите.
Во вториот дел од сезоната, Вардар го очекува напорна работа на неколку фронта. Во лигата на Шампионите, целта е да се стигне до осминафиналето, а за тоа да се случи ќе треба да се пласираме најмалку на шесттото место во групата. Моментално на таа позиција е ППД Загреб која има еден бод повеќе од Вардар.
Во домашното првенство не очекува борба со екипата на Еурофарм Пелистер за освојување на шампионската титула, а тука се и домашниот куп како и СЕХА-лигата. Дали ќе има и некое ново засиливање останува да видиме, иако сме дефицитарни на средната бековска позиција, додека помошник на Дејвис треба да биде Недановски, кој и претходно ја извршуваше оваа функција.
Ќе се тренира во Скопје, а можно е да се одигра и некој контролен натпревар пред стартот на главните предизвици на пролет.