Вардаровата шампионска селекција, генерација 2006 вчера забележа убедлива победа против своите врсници од тимот на КК Чаир на домашен терен.
.
На натпреварот одигран во малата сала при спортскиот центар „Кале“ , момците на Горан Крстевски докажаа дека овој тим и оваа сезона има потенцијал за високи дострели, односно одбрана на титулата која ја освоивме ова лето.
Доминиравме во сите четири периода со чаирчани, победата дојде со високи 74.поена предност, успеавме да погодиме дури 138.поени на еден дуел. Крајниот резултат на оваа средба од лигата М16 беше за 138 – 64 нас.