Фудбалскиот клуб Вардар за прв пат сезонава се натпреварува во Втората Лига-Запад. Црвено-црните есенскиот дел го завршија на 3.место со освоени 29 бодови.
Вардар постигна вкупно 28 голови, а како најдобар стрелец се покажа еден од поискусните во тимот, се работи за Филип Петковски кој успеа да постигне 8 голови. Кој се останатите играчи кои се запишуваа во листата на стрелци можете да погледнете во продолжение:
1. Филип Петковски – 8
2. Дејан Блажевски -5
3. Кристијан Костовски и Петар Љамчевски -3
4. Никола Наумоски -2
5. Дарко Глишиќ, Дарко Грозданоски, Вилдан Керим, Ненад Мишковски, Иван Николов и Филип Петров -1.
Филип Петковски го понесува признанието и за најдобар стрелец во Втората Лига-Запад. Нашиот играч е на првото место пред играчот на Воска, Изаир Емини кој има 7 голови.
Се надеваме на уште многу голови од нашиот напаѓач и во пролетниот дел од сезоната.