Ракометарите на Вардар продолжуваат со подготовки за пролетниот дел од сезоната. Првиот официјален натпревар за црвено-црните во новата година ќе биде против екипата на Нексе, во рамките на СЕХА-лигата.
На тренинзите се приклучија ракометарите кои беа дел од ЕП, но само оние кои настапуваа за Македонија. Тука се Стојанче Стоилов, Филип Талески, Гоце Георгиевски, Марко Мишевски и Мартин Томовски.
Деновиве на екипата треба да се приклучат и останатите играчи кои настапија во втората групна фаза на ЕП. Тоа се Патрик Валчак, Јан Чувара и Анте Гаџа. На 4.февруари ја отвараме новата сезона во СЕХА-лигата, во С.Ц.Јане Сандански ја пречекуваме екипата на Нексе. Пред тоа треба да одиграме натпревар во домашната Супер Лига против екипата на Металург.