Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > Седум Вардарци, дел од младинските фудбалски репрезентации на кампот во Дојран
Седум Вардарци, дел од младинските фудбалски репрезентации на кампот во Дојран

Седум Вардарци, дел од младинските фудбалски репрезентации на кампот во Дојран

Македонските фудбалски репрезентации У 16 и У 19 во изминатиов период се наоѓаат на припреми, кои се одвиваат во Дојран. За репрезентацијата до 16 години предводена од селекторот Добринко Илиевски се повикани четворица играчи од екипата на Вардар. Тоа се голманите Малик Зибери и Бојан Тимевски кои настапуваат за пионерите, додека Зибери паралелно го брани голот и на кадетите. Потоа капитенот на пионерите Елвир Рамиќ, како и најдобриот стрелец во првиот дел од сезоната за пионерската екипа, Јакуп Бериша е дел од оваа селекција. Споменативе играчи имаа забележителна улога во добрите резултати на црвено-црните, кои го завршија есенскиот дел на второто место, со само бод заостанување зад првопласираниот тим во оваа категорија. Нивните добри настапи ги препозна и селекторот на оваа репрезентација, кој се реши да ги повика на собирот кој во наредниов период ќе се одвива во Дојран.

Покрај нив на истава локација се наоѓа и Македонската фудбалска репрезентација до 19 години, чиј селектор е Јетон Несими. Вардаровото трио кое е дел од младинскиот состав на Вардар, ќе биде дел од оваа селекција на овие припреми. Тоа се голманот Филип Трајчевски, кој е добро познат на фудбалската јавност по настапот во првиот тим, како најмлад голман со само 17 години во историјата на Фк Вардар, како и најдобрите стрелци за младинците Виктор Димков и Ердон Даци, кои паралелно настапуваа и за Б-тимот на Вардар.