По зимската пауза продолжија натпреварите во одбојкарската женска 2.лигашка сениорска конкуренција. Вардарки како лидери влегуваат во пролетните возбудувања, вчера во првото коло во 2022 година, ЖОК Вардар ЕМ беше домаќин на тимот на ОК Младост УГД.
На оваа средба од 10.коло вардарки беа домаќини во Спортскиот центар „Форца“, победивме на истата со максимални 3-0. На овој натпревар своја шанса и свој придонес имаа сите девојки кои што беа во составот на екипата. Доминиравме во текот на целиот меч, поведовме со 1-0 во сетови со резултат 25-12. ја удвоивме предноста на 2-0 во сетови со 10.поена повеќе, односно со резултат 25-15. Во последниот се беше познато на самиот почеток на истиот, овој сет го добивме со 25-11.
Со оваа победа нормално и по ова 10.коло, црвено-црните дами се лидери на табелата во 2.лига.