Нашиот атлетичар, членот на АК Вардар- Петре Завировски се наоѓа во одлична форма во пресрет на претстојната сезона. Тој на CISM Run Day забележа одличен резултат.
Но, она што е уште подобар репер се неговите тренинзи на кои делува доста добро. Тренира посветено по два пати на ден. Со исклучително добар интензитет и обем. За тековната сезона веќе има потврдено свое учество на 10- тина атлетски манифестации.
Она што следува во блиска иднина се полумаратонот во Кавадарци и трката на 10.км во Кочани во март.