Македонската фудбалска репрезентација до 16 години изминатиов период беше дел од тренинг камп во Кичево.
Избраниците на Вујадин Станојковиќ вчера имаа можност да одиграат контролен натпревар со екипата на Црвена Ѕвезда која се наоѓа на подготовки во Охрид. Натпреварот се одигра на стадионот „Билјани Извори“ во Охрид, кој заврши со нерешен резултат 1:1, со голови во вториот дел од натпреварот.
Македонија прва успеа да го отвори резултатот, но противникот израмни и ги постави конечните 1:1. Во стартните 11 на македонската репрезетација беа Нуман Ајетовиќ и Димитар Папазов од редовите на Вардар, додека на стартот на вториот дел во игра ги видовме Давор Лефковски и Алтин Алији.