Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Атлетика > Завировски во одлична форма влегува во новата сезона
Завировски во одлична форма влегува во новата сезона

Завировски во одлична форма влегува во новата сезона

Нашиот атлетичар, членот на АК Вардар- Петре Завировски се наоѓа во одлична форма во пресрет на претстојната сезона. Тој на CISM Run Day забележа одличен резултат.

Но, она што е уште подобар репер се неговите тренинзи на кои делува доста добро. Тренира посветено по два пати на ден. Со исклучително добар интензитет и обем. За тековната сезона веќе има потврдено свое учество на 10- тина атлетски манифестации.

Она што следува во блиска иднина се полумаратонот во Кавадарци и трката на 10.км во Кочани во март.