Девојките на ЖОК Вардар ЕМ приредија изненадување во 1/8финалето од Купот на Република Македонија, второлигашот како гостин го исфрли тимот на ОК Вардар 2019 од Куп натпреварот.
Прволигашот и домаќин на оваа средба, Вардар Жени отвори добро на почетокот и поведе со 1-0 по освен сет (25:17), во вториот со резултат 19:25 ривалот успеа да изедначи. Веќе во треттиот сет девојките на Емилија Јаничиќ со добра игра направија целосен пресвер и поведоа со 1-2 откако го добија истиот сет со 16:25. Вардар ЕМ поведе со 1-7 во клучниот сет, прволигашот ОК Вардар Жени 2019 успеа да се врати и да се закани. Сепак младите девојки на Вардар ЕМ го исконтолираа дуелот и со 21:25 дојда до пласман во 1/4-финалето со победа од 1-3.
Во следната фаза се играат по два меча, дома-гости за пласман во најдобрите четири во Купот кои ќе се борат за пехарот.