Вардар тргна со победа во Супер лигата. Попладнево ,,црвено – црните” наидоа на силен отпор на РК Охрид, кој водеше на полувреме и имаше супер игра, но на крајот пресуди искуството на Вардар за тешка, но значајна победа на стартот од Супер лигата.
Силен отпор даде Охрид во првиот дел, а имаше и предност на полувреме. Во првите 10.минути од дуелот Вардар имаше предност од 3-2, а потоа започна серијата на гостинот, па така во 18.минута дојде и до плус два, 6-8. Добрата игра на Охрид продолжи и понатаму, воглавно преку грешки на вардарци противникот доаѓаше до лесни погодоци и предност. Вардар пред крајот на дуелот дојде и до предност од 12-11, но повторно со неколку грешки, противникот дојде до предност на полувреме од 12-13.
Во вториот дел добрата игра на Охрид продолжи, па така во 39.минута имаше противникот предност и од 16-17. Потоа вообичаено следуваше подобра игра на Вардарци, пред се во одбраната, па така во 43.минута домаќинот дојде до предност од 20-19. Веќе во 50.минута Вардар дојде и до плус два со одличниот погодок на Дибиров за 24-22. Со два гола во серија, Охрид се врати на егал 24-24 во 53.минута од дуелот. Во последните пет минути од дуелот Вардар одигра на искуство, па така славеше тешка но значајна победа со резултат 28-26.
Тото и Дибиров постигнаа по шест погодоци кај Вардар, а еден погодок постигна и новото засилување Петров.