Wednesday ,08 May 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Одбојка > ЖОК Вардар ЕМ приреди изненадување во Купот, исфрли прволигаш и се пласираше во 1/4-финалето
ЖОК Вардар ЕМ приреди изненадување во Купот, исфрли прволигаш и се пласираше во 1/4-финалето

ЖОК Вардар ЕМ приреди изненадување во Купот, исфрли прволигаш и се пласираше во 1/4-финалето

 Девојките на ЖОК Вардар ЕМ приредија изненадување во 1/8финалето од Купот на Република Македонија, второлигашот како гостин го исфрли тимот на ОК Вардар 2019 од Куп натпреварот.

Прволигашот и домаќин на оваа средба, Вардар Жени  отвори добро на почетокот и поведе со 1-0 по освен сет (25:17),   во вториот со резултат 19:25  ривалот успеа да изедначи. Веќе во треттиот сет девојките на Емилија Јаничиќ со добра игра направија целосен пресвер и поведоа со  1-2 откако го добија истиот сет со 16:25. Вардар ЕМ поведе со 1-7 во клучниот сет, прволигашот ОК Вардар Жени 2019 успеа да се врати и да се закани. Сепак младите девојки на Вардар ЕМ го исконтолираа дуелот и со  21:25 дојда до пласман во 1/4-финалето со победа од 1-3.

Во следната фаза се играат по два меча, дома-гости за пласман во најдобрите четири во Купот кои ќе се борат за пехарот.