Вардар е многу блиску до пласман во 1/8 финалето на ЛШ. Вчера црвено-црните требаше да го одиграат претпоследниот натпревар во групната фаза, на кој требаше да гостуваат кај екипата на Брест Мешков. Од добро познати причини овој натпревар е одложен, а останува наредниве денови од ЕХФ да се изјаснат како ќе го регистрираат овој дуел од Лигата на Шампионите.
Вардар има да одигра уште еден натпревар во групата, оној на 9.март на домашен терен против екипата на Елверум. Вчера шампионот на Норвешка загуби на домашен терен од екипата на Пик Сегед, па остана на 6.место на табелата. Вардар се наоѓа на 5.позиција со 9 освоени бодови, додека Елверум и ППД Загреб имаат по 8 бодови, но Загреб својот натпревар од 13.коло го игра вечерва кога во својата арена ќе го пречека тимот на Кил.
Доколку Вардар со службени бодови го добие натпреварот со Брест Мешков, тоа значи дека веќе црвено-црните се пласирани во 1/8 финалето. Без разлика на се, останува да го одиграме последниот натпревар против екипата на Елверум, пред своите навивачи каде сигурно дека ќе атакуваме на триумф.