Лидерот во втората државна одбојкарска сениорска лига, ЖОК Вардар ЕМ не запира со победи и ја истакнува својата кандидатура за пласман во елитата.
Црвено-црните дами вчера беа домаќини во дуел од 12.коло на екипата на ОК ТЕ Волеј. На својот домашен терен во салата „Форца“ победивме со максимални 3-0. Ривалот покажа мал „отпор“ во првиот сет кој го добивме со 25-18, во вториот ги „спуштивме“ на 16.поена и поведовме со 2-0 (25-16). Во треттиот воедно и последен успеавме со 11.поена да бидеме подобри (25-14), заверувајќи нова победа со максимален резултат.