Sunday ,28 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Познат распоредот за 3.натпреварувачки круг во Втората Лига-Запад, Вардар отвара дома со Охрид
Познат распоредот за 3.натпреварувачки круг во Втората Лига-Запад, Вардар отвара дома со Охрид

Познат распоредот за 3.натпреварувачки круг во Втората Лига-Запад, Вардар отвара дома со Охрид

Вардар пропушти нова шанса да им се доближи на Воска и на тој начин да ја направи битката за второто место поинтересна. Црвено-црните направија нов кикс, откако одиграа без победник на гостувањето кај екипата на Гостивар, додека Воска ремизираше во Тетово против Тетекс, но разликата останува пет бода во корист на Воска.

Познат е распоредот на натпревари за последните трет круг во Втората Лига-Запад. Вардар ќе отвори на домашен терен со екипата на Охрид, додека во рамките на 25 коло ќе гостува кај екипата на Воска, натпревар на кој може ќе бидат познати многу работи околу екипата која ќе игра бараж за влез во Првата Лига. Во следното 26.коло, Вардар ќе има уште еден тежок натпревар кога на домашен терен ќе го пречека лидерот Силекс.

fk-vardar