Tuesday ,07 May 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Одбојка > Лидерот е незапирлив, Вардар ЕМ со нов максимален триумф

Лидерот е незапирлив, Вардар ЕМ со нов максимален триумф

274817502_680959896657137_6983934754874526931_n

Лидерот во втората државна одбојкарска сениорска лига, ЖОК Вардар ЕМ не запира со победи и ја истакнува својата кандидатура за пласман во елитата. 

Црвено-црните дами вчера беа  домаќини во дуел од 12.коло на  екипата на ОК ТЕ Волеј. На својот  домашен терен во салата „Форца“ победивме со максимални 3-0.  Ривалот покажа мал „отпор“ во првиот сет кој го добивме со 25-18, во вториот ги „спуштивме“ на 16.поена и поведовме со 2-0 (25-16). Во треттиот воедно и последен успеавме со 11.поена да бидеме подобри (25-14), заверувајќи нова победа со максимален резултат.