Медија тимот на СЕХА-лигата го прогласи најдобриот тим во ова натпреварување за месец февруари, период во кој Вардар одигра три натпревари, на кои забележа една победа и два порази.
Место во идеалниот тим имаше за Куни Моралес од редовите на Вардар, како најдобар десен бек. Инаку, Моралес е моментално и најдобар стрелец во СЕХА, со вкупно 15 постигнати голови.
Најдобриот тим во месец февруари:
Дино Славиќ-голман ( Партизан)
Куни Моралес-десен бек ( Вардар)
Јосип Периќ-среден бек ( Еурофарм Пелистер)
Халил Јагањац-лев бек ( Нексе)
Фахрудин Мелиќ-десно крило ( Нексе)
Елмир Граџан-пикер ( Еурофарм Пелистер)
Алекса Максиќ-лево крило ( Партизан)
Видеото со најдобриот тим, можете да го погледнете на линкот, ТУКА.