Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Македонија У18 ремизираше со Словачка, Марио Ричков одигра 90 минути
Македонија У18 ремизираше со Словачка, Марио Ричков одигра 90 минути

Македонија У18 ремизираше со Словачка, Марио Ричков одигра 90 минути

Македонската фудбалска репрезентација до 18 години го одигра првиот контролен натпревар на силниот меѓународен турнир во Португалија. Избраниците на Неџат Шабани на првиот натпревар одиграа без голови со репрезентацијата на Словачка.

Единствениот вардаров играч кој е дел од оваа репрезентација на Македонија, Марио Ричков, беше во стартниот состав и ги одигра сите 90 минути на теренот и беше еден од подобрите на натпреварот во нашиот национален дрес.

Следниот натпревар е во недела, со домашната репрезентација на Португалија.