За претстојниов викенд се закажани натпреварите од 17.коло во младинските фудбалски лиги, во кое на програмата е градското дерби меѓу екипите на Вардар и Работнички.
Сите натпревари со овој противник се закажани за недела (03.04). Пионерските екипи ќе гостуваат на Алумина, во термините од 10:00 и 12:00 часот, додека во истите саатници кадетите и младинците се домаќини на теренот во Хиподром.
За Вардар се посебно важни бодовите на натпреварите со помладите пионери и младинците, кои се борба за освојување на Шампионската титула.