Оваа седмица, во периодот од 9. до 12. април во Призрен, ќе продолжи проектот насловен како „Заедно до М16“.
Во овој град во Косово, нашите селекции „Под 14“ години во машка и во женска конкуренција ќе го одиграат вториот турнир кој е дел од овој проект. А селекторите на овие наши селекции ги објавија ростерите, односно имињата на играчите, но и активностите пред почетокот на овој собир. Пред заминувањето за Призрен и двете селекции ќе одработат и подготвителни тренинзи. Првиот е закажан за 8. април (петок) со почеток во 20.30 часот, во спортската сала при ОУ „Киро Глигоров“ во Скопје. На истиот се повикани следните играчи:
Ѓорѓи Цветковски – Феникс 2010
Христијан Миленковиќ – Спортисимо
Лео Созовски – Феникс 2010
Андреј Митков – Спортисимо
Иван Мијалов – Куманово
Дамјан Стојаноски – Феникс 2010
Дарјан Златевски – Струмица
Кирил Петковски – Куманово
Јосип Милковски – Куманово
Матеј Костов – Вибас
Јован Иванов – Спортисимо
Филип Сребров – Водно Санс
На тренингот, кој пак е закажан нешто порано, од 19.часот, треба да се појават следните кошаркарки:
Теодора Мариновска – ЖКК Вардар
Ана Марија Ѓореска – ЖКК Гостивар 2009
Јана Кукунешоска – ЖКК Струга 2009
Дора Алексовска – ЖКК Бадел 1862
Илина Несторовска – ЖКК Бадел 1862
Нарта Ферати – ЖКК Вардар
Сара Сулејмани – ЖКК Шкупи
Теодора Ѓорѓиевска – ЖКК Бадел 1862
Теа Трајковска – ЖКК Вардар
Јана Пислевска – ЖКК Вардар
Милена Зафировска – ЖКК Баскет Кам
Мила Начевска – ЖКК Бадел 1862