Екипата на Гризли Баскет е новиот учесник во друштвото на најдобрите сениорски екипи за наредната натпреварувачка сезона. Новакот во оваа конкуренција во својата премиерно учество успеа да биде најдобар во групата „Б“, и со тоа да се стекне со статус на екипа-учесник во друштвото на најдобрите осум екипи во женскиот сениорски сегмент.
Во последното коло од регуларниот дел, искусната екипа стигна до посакуваниот триумф во дуелот со делчевски Патриот (68:48). За вкупен скор (14-2) и прво место на табелата во групата „Б“.
Ист таков ефект има и екипата на Трокал од Кавадарци, но поради подобриот скор во меѓусебните натпревари, екипата од Скопје го продолжува натпреварувањето во плеј-офот за шампионската титула како број 1.
Јасни се натпреварувачките броеви за доигрувањето и во групата „А“.
Бранителот на титулата, екипата на Баскет Кам 2011 славеше убедлив триумф во дуелот со Пробаскет (85:66), и остана на позицијата број 2. Првата е резервирана за нивниот најголем конкурент, Бадел 1862 кој заврши со скор (17-1).
Екипата на Вардар ја потврди третата позиција на табелата со победата над МЗТ Скопје Аеродром (78:65).
Веднаш зад нив е екипата на Крива Паланка, кој во дуелот кој одлучуваше за тоа кој ќе стартува од местото број 4, на гостински терен го победија составот на Струга 2009 со (73:67).
ПРВА „А“ ЛИГА-ЖЕНИ
РЕЗУЛТАТИ 7. КОЛО – ОРОЛОЏО
Баскет Кам 2011 – Пробаскет 85:66
МЗТ Скопје Аеродром – Вардар 65:78
Струга 2009 – Крива Паланка 67:73
Бадел 1862 – слободен
ТАБЕЛА: Бадел 1862 35, Баскет Кам 2011 34, Вардар 30, Крива Паланка 25, Струга 2009 23, МЗТ Скопје Аеродром 23, Пробаскет 19;
ПРВА „Б“ ЛИГА-ЖЕНИ
РЕЗУЛТАТИ 18.КОЛО
Тим Арена – Гостивар 56:47
Шкупи – Куманово 85:20
Патриот 2016 – Гризли 48:68
Риниа – Трокал 36:69
Мега Баскет – слободен
ТАБЕЛА: Гризли 30, Трокал 30, Патриот 2016 28, Шкупи 26, Тим Арена 25, Гостивар 2009 23, ЖКК Куманово 2020 20, Риниа 17, Мега Баскет 15;
ПРОБАСКЕТ И ТРОКАЛ ГО ОТВОРААТ ВТОРИОТ ДЕЛ – ПЛЕЈ-ОФОТ
Системот за натпреварување во женската Прва лига, вели дека во втората фаза ќе се натпреваруваат двете најдобри од групата „Б“, и седум кои се натпреваруваа во групата „А“ (екипата на ЖКК Работнички не го доигра првиот дел и беше исклучена од натпреварувањето).
Како првопласирана во групата „Б“, екипата на Гризли обезбеди директен пласман во групата „А“ за наредната натпреварувачка сезона 2022/2023. И ќе го продолжи натпреварувањето, во плеј-офот. Во четвртфиналето за противник ќе го има составот на Бадел 1862 кој заврши на првата позиција на табелата
Како екипа која ја освои втората позиција на табелата во групата „Б“, екипата на Трокал ќе разигрува против локалниот конкурент, екипата на Пробаскет за позицијата број 7, која за противник во четвртфиналето на плеј-офот ќе ја има екипата на Баскет Кам 2011.
Во оваа плеј-оф фаза двете екипи од Кавадарци, почнувајќи од 9. април, ќе одиграат два натпревари (дома-гости), на кош-разлика.
Со забелешка дека Пробаскет, како учесник во повисокиот ранг на натпреварувањето ќе има предност на домашен терен (вториот меч да се игра на нивни терен, на 13.април).
За пласман во полуфиналето потребни се две победи во серијата „подобар од три“ натпревари.
Термини за одигрување на четвртфиналните серии се 16, 20 и 27.април. Полуфиналето почнува на 30.април, ќе се игра и на 4 мај, евентуално и на 7 мај.
Финалната серија, која ќе се игра според системот „подобар во пет“ натпревари, е закажана за 11, 14, и 18, мај, а ако биде потребно, ќе се игра и на 21, односно 25. мај.
ДВОЈКИ – ЧЕТВРТФИНАЛЕ
Бадел 1862 – Гризли
Баскет Кам 2011 – победник Пробаскет/Трокал
Вардар – МЗТ Скопје Аеродром
Крива Паланка – Струга 2009