Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Четири девојки од ЖКК Вардар во комбинација за настап на турнирот во Призрен за селекцијата „Под 14“
Четири девојки од ЖКК Вардар  во комбинација за настап на турнирот во Призрен за селекцијата „Под 14“

Четири девојки од ЖКК Вардар во комбинација за настап на турнирот во Призрен за селекцијата „Под 14“

Оваа седмица, во периодот од 9. до 12. април во Призрен, ќе продолжи проектот насловен како „Заедно до М16“.

Во овој град во Косово, нашите селекции „Под 14“ години во машка и во женска конкуренција ќе го одиграат вториот турнир кој е дел од овој проект. А селекторите на овие наши селекции ги објавија ростерите, односно имињата на играчите, но и активностите пред почетокот на овој собир. Пред заминувањето за Призрен и двете селекции ќе одработат и подготвителни тренинзи. Првиот е закажан за 8. април (петок) со почеток во 20.30 часот, во спортската сала при ОУ „Киро Глигоров“ во Скопје. На истиот се повикани следните играчи:

Ѓорѓи Цветковски – Феникс 2010

Христијан Миленковиќ – Спортисимо

Лео Созовски – Феникс 2010

Андреј Митков – Спортисимо

Иван Мијалов – Куманово

Дамјан Стојаноски – Феникс 2010

Дарјан Златевски – Струмица

Кирил Петковски – Куманово

Јосип Милковски – Куманово

Матеј Костов – Вибас

Јован Иванов – Спортисимо

Филип Сребров – Водно Санс

На тренингот, кој пак е закажан нешто порано,  од 19.часот, треба да се појават следните кошаркарки:

Теодора Мариновска  – ЖКК Вардар

Ана Марија Ѓореска – ЖКК Гостивар 2009

Јана Кукунешоска – ЖКК Струга 2009

Дора Алексовска – ЖКК Бадел 1862

Илина Несторовска – ЖКК Бадел 1862

Нарта Ферати – ЖКК Вардар

Сара Сулејмани – ЖКК Шкупи

Теодора Ѓорѓиевска – ЖКК Бадел 1862

Теа Трајковска – ЖКК Вардар

Јана Пислевска – ЖКК Вардар

Милена Зафировска – ЖКК Баскет Кам

Мила Начевска – ЖКК Бадел 1862