Во недела (10.април) во салата „Перо Наков“ во Куманово ќе се одржи завршницата, односно Ф-4 турнирот во женската младинска лига каде што настапува и тимот на Ристова Драгана и Александра Царчев.
Полуфиналињата и финалето ќе се одиграат во исти ден, веќе се познати паровите. Девојките од ЖРК Вардар за ривал ја имаат домашната екипа, Куманово, а во другото полуфинале ќе се сретнат два тима од Скопје, екипите на РК Чаир и ЖРК Металург. Финалето е закажано во 20-00 часот по кое ќе биде познат Шампионот во женската младинска конкуренција за сезоната 2021/2022. Вака изгледаат саатниците на Ф-4 женскиот младински турнир.
Полуфинале-1: ВАРДАР-Куманово, 10-30 часот
Полуфинале-2: Чаир-Металург, 12-30 часот
Дуел за 3.место: Поразен-1: Поразен-2, 17-30 часот
Финале: Победник1:-Победник-2, 20-00 часот