Младинците на ФК Вардар забележаа нова победа, откако денеска како гости го совладаа тимот на ФК Скопје. На дуелот кој се играше на нашиот терен каде сино-белите беа формално домаќини, издвојувавме висока победа со резултат 0-7 (0:7).
Мичка дуелот го започна со овој состав: Стојковски Лука (К), Трпезановски Дарко, Серафимов Давор, Стојилевски Марко, Каровски Сандро, Јусуфи Нијаз, Величковски Никола, Живков Славче, Стојановски Стефан, Ѓорѓиевски Филип и Дошев Ѓорѓи.
За Вардар во првите 45.минути погодија: Јусуфи Нијаз( 2′ и 29′), Величковски Никола (2′, 25′ и 34′) Реџепи Нухи 8′ (АГ) и Живков Славче во 45.минута. Во првиот период домашниот тим се закани само два пати, еднаш крај голот во другата прилика капитенот на тимот, нашиот голман Стојковски Лука одлично одбрани. Вториот дел не се одигра поради тоа што домашниот тим немаше доволен фонд на играчи, па овој дуел траеше ефективни 45.минути.