Фаворитите за пласман во финалето од плеј-офот во женска конкуренција, со победи ги отворија полуфиналните серии.
Баскет Кам 2011 малку потешко дојде до триумфот против Вардар и славеше со 69-64 во меч во кој ниедна екипа не успеа да направи повисока предност.
Затоа пак кошаркарките на Бадел 1862 немаа такви проблеми, напротив, со убедливи (93:66) ја победија Крива Паланка на домашен терен, за водство од (1-0) во серијата
Возвратниот дуел од серијата помеѓу екиите на Баскет Кам 2011 и Вардар се игра на 4., а меѓу Крива Паланка и Бадел 1862 еден ден подоцна, на 5 мај, на теренот на послабопласираната екипа – Крива Паланка.