Нашиот атлетичар, Петре Завировски од ден на ден е се подобар. Дефинитивно ја трча една од своите најдобри сезони во кариерата.
На 8 мај на скопските булевари Илинденска и Партизанска се одржа традиционалната атлетска манифестација Скопје Трча 10км. На истата настапи и нашиот Завировски. Тој успеа да ги истрча своите најбрзи 10км во кариерата.
Поставувајки време од 35-26 минути. Негов досегашен најдобар резултат на 10км беше 35-30 минути поставено исто така на Скопје Трча во октомври 2017 година. Ова е прв личен рекорд на нашиот атлетичар по безмалку 5 години. Неговата форма е исклучително добра. Во досегашниот дел од сезоната имаше 7 настапи, на сите имаше висок перформанс.
Следен настап на вардарецот ќе биде на трката на поезијата во Струга на 22 мај.