Пред тимот на кошаркарскиот клуб Вардар е најважниот натпревар во оваа сезона, „мајсторката“ со тимот на КК Чаир 2030 по која победникот ќе обезбеди место во првата кошаркарска сениорска машка лига.
Дуел на се или ништо, момците на Јованчев Александар победија во салата „Кале“ и изедначија на 1-1, покажаа дека можат да се борат портив тимот кој имаше од почетокот на сезоната само еден пораз. Дуелот има голем влог, двата тима ќе дадат се од себе, ривалот ја има предноста на домашниот терен на оваа „мајсторка“.
Натпреварот се игра утре, 14.мај (сабота), дуелот во салата „Шабан Трстена’ е закажан со почеток во 19-00 часот.