Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Младинското дерби, Вардар-Пелистер, во рамките на 23.коло
Младинското дерби, Вардар-Пелистер, во рамките на 23.коло

Младинското дерби, Вардар-Пелистер, во рамките на 23.коло

 Во рамките на 23.првенствено младинско коло, Вардар за противник ќе ја има екипата на Пелистер.

Во сабота, кадетите и младинците ќе гостуваат во Битола. Натпреварите ќе се одиграат на градскиот стадион „Под Тумбе Кафе“ со почеток од 12:00 и 14:00 часот.

Во недела, на теренот во населбата Хиподром, пионерските екипи на Вардар се домаќини на Пелистер. Овие дуели ќе започнат во термините од 10:00 и 12:00 часот.

Посебно важни се натпреварите за помладите пионери и младинците, кои водат борба за освојување на Шампионската титула. Истиве екипи успеаа да се пласираат и во големото финале на Купот.