Tuesday ,08 October 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Дејвис и Дибиров: Не е важно со кого ќе играме во финалето, го сакаме трофејот од Купот

Дејвис и Дибиров: Не е важно со кого ќе играме во финалето, го сакаме трофејот од Купот

fb_img_1652428190670

Денес во Кавадарци се играат полуфиналните натпревари во ракометниот Куп на Македонија, Со почеток од 17:00 часот Вардар и Еурофарм Пелистер 2 ќе се сретнат во првото 1/2 финале.

Во пресрет на завршниот турнир, своите очекувања ги сподели тренерот на Вардар, Давид Дејвис кој го изјави следново.

-Имаме ист притисок како и во натпреварите во лигата. Вардар секогаш победувал и играл на победа. Ние го сакаме и трофејот од Купот, подготвени сме. Одбрана секој ден играме добро, и тренираме напорно. Купот е друго натпреварување, нема поправен. Има само еден натпревар и треба да се биде максимално спремен, вели Давид Дејвис. Имавме цела недела за тренирање. Игравме веќе со Еурофарм Пелистер 2, но добро е што можеме и да продолжиме да тренираме пред овие натпревари и да подобриме нешто во играта. Играње на неутрален терен секако е поразлично. Не секогаш во Купот победува тој што е фаворит. Затоа и треба да се биде внимателен, концентриран. Сакам да играме финале во недела, не е важно против кого ќе играме.

Дибиров кој го продолжи договорот со Вардар за уште една сезона, ќе има можност по осми пат да игра во финалето на Купот.

-Нормално дека Купот секогаш е посебна приказна, и на секој меч може да се случи се. Да заборавиме се што било претходно и што треба да се случи во иднина. Да бидеме сконцентрирани само на овој викенд, да дадеме 100 отсто. Нема разлика против кого играме и ќе играме, ние треба да работиме според она што сме го замислиле. Малку време е нешто да се менува, и ние и нашиот ривал. Ќе биде исто, освен некои нијанси што сигурно ќе бидат кај давата тима. Но комплетната слика ќе биде иста, и тешко е да се изнанади ривалот кој те знае и ти го знаеш. Супер е што се игра во Кавадарци, треба луѓето да гледаат добри натпревари, да гледаат големи клубови и добри екипи, вели Дибиров. Ги почитувам сите екипи, и сакам прво да го победиме Еурофарм Пелистер 2, па потоа ќе мислиме како и што понатаму, изјави Дибиров.

Доколку Вардар го добие натпреварот, во недела во големото финале ќе игра со подобриот од дуелот на Бутел и Еурофарм Пелистер.