Во периодот од 10-12.јуни генерацијата 2009 на ФК Вардар ќе се натпреварува на силниот меѓународен турнир „Вујадин Бошков Куп“.
Турнирот е наменет за различни возрасни генерации, а Вардар ќе земе учество со екипа составена од играчи родени 2009 година. Се работи за силен турнир, на кој ќе настапат квалитетни екипи.
Во оваа генерација, ќе се натпреваруваат вкупно 32 екипи, поделени во 8 групи од по 4 екипи. Во продолжение погледнете ја групата на Вардар, како и распоредот на натпревари за момците на Зоран Петковски.