Едно од најголемите засилувања ова лето, а можеби и најголемото, Кире Маркоски утре ќе го има своето деби во ,,црвено – црниот” дрес.
Крилниот фудбалер веќе е пријавен како нов играч на Вардар, па така утре сигурно ќе конкурира за настап. Можеби нема да добие шанса од првата минута, но сигурно ќе го почувствува новиот тим и амбиентот во кој игра нашиот Вардар.
Инаку утре Вардар игра домашен дуел против ФК Борец, на кој мора да забележи лесна победа и да се врати на победничките патеки. Дуелот започнува од 16 часот.