Младата репрезентација на Македонија до 17 години ќе одигра два контролни натпревари против соодветната селекција на Албанија.
Првиот контролен дуел го играме на 12. септември со почеток од 15. часот во Струга, на стадионот на ФК Караорман. Два дена подоцна, на распоредот е вториот контролен меч помеѓу овие две селекции, на стадионот Елбасан Арена, во Елбасан со почеток од 16. часот.
За претстојните натпревари, селекторот Вујадин Станојковиќ ги повика Дарко Сековски, Андреј Величковски и Нуман Ајетовиќ од Вардар.