Вардар до крајот на годината може да остане без услугите на Дарко Ѓукиќ, кој се повреди на натпреварот против екипата на Прилеп, на кој црвено-црните славеа висок триумф.
На стартот на вториот дел дојде до еден незгоден пад на српскиот репрезентативец, кој според информациите има проблеми со лигаментите на коленото, повреда што може подолго време да го одалечи од терените.
Ова е дополнителен проблем за Владо Недановски, со оглед на скратениот ростер на играчи со кои располага сезонава. Ѓукиќ покрај десно крило, по потреба може да игра и на позицијата десен бек, каде Вардар ги има само Куни Моралес и Давид Савревски.
Во наредниов период се очекува официјална информација од клубот, за тоа колку е сериозна повредата на Ѓукиќ.