Во рамките на 4.коло во ракометната Супер Лига, Вардар во сабота е домаќин на екипата на Алкалоид.
Натпреварот ќе се одигра во С.Ц. Јане Сандански со почеток од 18:30 часот. Виктор Начевски од Скопје и Даниело Божиновски од Битола ќе го судат овој натпревар, додека делегат ќе биде Душко Камишевски од Скопје.
Вардар и Алкалоид се единствените екипи во групата А, кои имаа максимален број на освоени бодови по три одиграни кола.