Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > Кугларски клуб Вардар со позитивна оценка за есенскиот дел
Кугларски клуб Вардар со позитивна оценка за есенскиот дел

Кугларски клуб Вардар со позитивна оценка за есенскиот дел

Преземено од официјалната страница на КК Вардар:

Делумно задоволително заврши првата полусезона од македонската кугларска лига за сезона 2022/2023 во која Вардар учествува повторно со 2 екипи, откако беше првиот клуб во македонската кугларска историја што го направил тоа во сезоната 2020/2021.
И оваа година не не избегнаа малерозните ситуации кои не ограничија во своите можности и планови. Вардар А ја заврши првата полусезона на второто место во МКЛ, со 7 победи и 1 пораз од директниот конкурент за титулата. Токму малерозниот момент се случи во тој период на одигрување на најважниот натпревар со конкурентот во првото коло на МКЛ, кога настапивме некомплетни поради отсуствата на 2 играчи од првиот состав. Бевме поразени тесно со чувство дека да бевме комплетни ќе имавме големи шанси да излеземе како победници во тој дуел.
Вардар Б ја заврши првата полусезона на 6-то место во МКЛ, или 2-ро во конкуренција на Б екипите, исто веднаш зад Б екипата на директниот конкурент. Солиден перформанс со многу потенцијал и создавање добра база за поголем избор во вкупниот ростер на клубот.
Што се однесува до поединечните перформанси, Димитар Димитровски очекувано е убедлив лидер на тимот, а во севкупен поединечен поредок према просек во МКЛ го зазема 2-то место. Во ТОП 10 поединци на МКЛ уште се рангирани Костадин Манев на 5-то место, Дарко Димитровски на 9-то место и капитенот Коста Ристевски на 10-то место. Во рангирањето за најкорисен куглар на сезоната во која се вклучени сите натпреварувања на кои кугларот настапувал, Димитар Димитровски е на повторно на 2-то место, Пецо Димовски на 4-то, Костадин Манев на 8-мо, Дарко Димитровски на 9-то и Драги Ѓорѓиовски на 10-то место.
Екипниот просек на А екипата изнесува 3279, додека на Б екипата изнесува 3032.
Најдобар поединец од Б екипата за сега е капитенот Влатко Стојановски и го зазема 27-мото место во вкупниот поединечен поредок.
КК Вардар настапи на НБЦ купот во Октомври во Клуж, Романија, каде го зазема 14-то место во конкуренција на 25 европски екипи со вкупен резултат од 3557 соборени кегли. Како предигра на тоа натпреварување, неофицијално беше поставен нов клупски екипен рекорд на пријателскиот натпревар со КК Задар на кугларницата во Бачка Топола кој сега изнесува 3645 соборени кегли.
Од она што следува до крајот на 2022 година, Вардар пријави 4 парови за националното првенство во тандем кое ќе се одржи во Битола на 26.11.2022.
4 куглари на Вардар се дел од македонската репрезентација која ќе има пријателски натпревар со репрезентацијата на Босна и Херцеговина закажан за 03.12.2022 во Битола.
И за крај, планирано е патување на пресилен интернационален поединечен турнир во организација на нашиот Милош Миливојевиќ во Бачка Топола на 10.12.2022.